Македонија 03. април 2018. / 14:38

Исчезнаа тројца малолетници од Штип

Исчезнаа тројца малолетници од Штип

Тројца малолетници на возраст од 12,14 и 16 години од згрижувачки семејства во Штип вчера избегале и заминале во непознат правец.

Случајот во полиција вчера во 13:10 часот го пријавил вработен во Центарот за социјални работи од Штип, кој бил назначен за старател на децата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.