Македонија 12. февруари 2019. / 11:37

Интервју на „Лидер” со Никита Шекутковски: Ќе победам на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ – во моментов најбитни се нацијата и државата

Интервју на „Лидер” со Никита Шекутковски: Ќе победам на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ – во моментов најбитни се нацијата и државата

Никита Шекутковски е еден од деветмината кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател. Тој верува дека на 16 февруари на Конвенцијата во Струга ќе ја добие поддршката од партијата. Вели, да не мислев дека ќе победам немаше воопшто да се пријавувам на огласот на ВМРО-ДПНЕ. Смета дека тој е човекот кој ќе го притисне копчето ,,ресет” и ќе се одбиде да ја смени политичката ситуација во земјава.

Д-р Никита Шекутковски е редовен професор, на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Раководител e на Институтот за математика. Зад себе има богата биографија, објавено 34 научни трудови, учествувал со свои предавања на специјализирани научни конференции по топологија во Италија, Шпанија, Јапонија, Полска, САД , Хрватска, на Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Мадрид.

Никита Шекутковски, од математичар до политичар. Претендирате за најависоката државна функција. Зошто на 16 февруари на Конвецијата во Струга, ВМРО-ДПМНЕ треба да Ви ја довери ,,титулата” кандидат за претседател на својата партија?

Затоа што сум човек досега вон политиката, кој ќе го притисне копчето за ресет, што многу одамна требаше да се направи.

Колку математиката има врска со политика? Сметате ли дека сте достоен за оваа позиција?

Не, политиката има врска со математика. Кога се руши се она во што со години сте верувале, не може да седите дома и да се правите дека ништо не се случува. Како ној со глава во песок.

Зарем се сомневате? Сум одржал предавања по покана на многу европски универзитети. Сум настапувал пред големи аудиториуми на многу конфереренции низ светот. Настапот пред публика не е нешто ново за мене.

Зошто се одлучивте да влезете во политика? Што може да промените?

Како што реков, причина се последните случувања, не можам да не реагирам.

Многу работи. Претседателот има постојани настапи во европски и светски, институции како и дома. Сигурно може да влијае на многу работи. Архимед рекол: дајте ми фиксна точка и ќе го подигнам светот.

Македонија по шести пат ќе бира претседател, но овој пат претседател на Северна Македонија. Колку Вие, доколку станете прв човек на државата, може цврсто да стоите на браникот против оваа власт предводена од Заев?

Во секоја држава има кохабитација помеѓу претседателот и премиерот, и мора да има.

На наша жалост, во изминатиов период немаше таква кохабитација. Претседателот беше заобиколен.

Во трка сте со Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска Давкова, Филип Петровски и уште петмина кандидати. Кои се вашите реални шанси? Со што го убедувате членството да гласа за Вас?

Ако не мислам да победам, не би се јавувал како кандидат.

Во оваа тешка ситуација емоциите нема да помогнат. Треба да се настапи со разум, и шанса за враќање на позициите не треба да се пропушти.

Во моментов најбитни се нацијата и државата. Мораме да имаме една национална линија, за антиката, средnовековието , деветнаесетиот и дваесетиот век.

Како го оценувате делувањето на ВМРО-ДПМНЕ, под раководство на Христијан Мицковски?

На функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ е во многу тежок период, исто како што ќе биде и идниот претседател.

Доколку на 16-ти токму Вие бидете избраник на ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ги убедувате граѓаните да го дадат гласот за Вас?

Националното и државното единство во моментов е најбитно. Потребна е една национална линија.

Според науката Македонците и Хелените се два различни ентитета во антиката. Од хеленската античка цивилизација не бараме ништо, но нема да се откажеме од македонската. Многубројните артефакти во Археолошиот музеј пронајдени на наша теиторија сведочат за македонската цивилизација во антиката.

Царот Саноил е наш цар. Како оформена нација со свој јазик и писмо, имаме право да кажеме кого ќе го прифатиме или нема да го прифатиме како цар /владетел на Македонија во минатото.

Од Берлинскиот конгрес во 1878 кога не сме добиле автономија, но е верифицирана државноста на сите други православни држави на Балканот, се води борба за слобода. на Македонија. Во 1944, се формира македонска држава како членка на јужнословенската федерација, и самостојна држава од 1991.

Со постигнато национално и државно единство многу полесно ќе ги постигнеме целите кон кои се стремиме.

Изминатите два мандати, Претседател на Република Македонија беше универзитетски професор. Според Вас дали оваа функција треба да им се препушти на политичарите?

Нема правило. Верувам дека народот ќе го избере најдобриот кандидат.