На неколку часа пред предизборниот молк, „Економски Лидер“ објавува интервју со претседателскиот кандидат Блерим Река.
Река е универзитетски професор, со долгогодишно искуство во дипломатијата. Во кампањата влезе како единствен кандидат албанец, кој е поддржан од политичките партии Алијанса на Албанците и БЕСА.
Во кампањата и на неколкуте телевизиски соочувања, Река се покажа како реторички доминантен над останатите двајца кандидати и се чини ги освои симпатиите на пошироката јавност. Сепак, според анкетите објавени од неколку релевантни агенции, Блерим Река би требало да излезе во првиот круг. Тој вели дека „Анкетите секогаш се деструктивни“ и најавува дека ќе стане првиот албанец претседател на Македонија.
Само со македонски кандидати, без ниту еден албанец, ова мултиетничко општество ризикува да скрене во моноетничка држава, а албанците да бидат само гласачи а не гласни! – Со оваа парола влеговте во изборната трка за Претседател на Република Македонија. Велите историјата ја пишуваат државници а не интелектуалците кои пишуваат историја! Кои се шансите Блерим Река да испише историја и да стане првиот Претседател албанец на Македонија?
Јас ќе станам првиот претседател албанец на Македонија. Јас сум за Републиката како фундаментален и унивеерзален концепт. Републиката е во центарот на програмата, на мојата председателска кандидатура. Македонија е држава, но не и Република. Вистинската Република ја прават: владеењето на правото, функсионалната демократија, независното судство и почитувањето на човековите права. Дали ги имаме овие точки функсионални во нашата држава? Не. Имаме политизирано судство, непотизирана јавна администрација, селективна правда, и неизвесно Специјално Јавно Обвибнителство. Моите приоритети за Мултиетничка и Евро- Атланска Република со нула проблеми со соседите, се во функција на последниот:на превенција на празна држава, т.е. на спречувањето на иселување на народот. Во спротивно, ако не успееме, тогаш во ЕУ пред државата ќе се “интегрираат” нашите иселени граѓани, додека Република Северна Македонија: можеби и ќе биде во ЕУ, но како празна држава.
Во јавноста се остава впечаток дека акцент се става на Пендаровски и Силјановска. Анкетите кои се спорведуваат ја водат ,,битката” колку води опозицијата или власта , кој каков статус има кај албанските гласачи. Дали се чувствувате рамноправен со своите против кандидати? Мислите ли дека прерано ве ,,отпишаа’’?
Не, не се чудтвувам рамноправен. Анкетите секогаш се деструктивни.
Добивте поддршка од БЕСА и Алијансата на албанците. Изостана поддршката од ДУИ кои своите гласови ги ветија за Стево Пендаровски. Може ли албанскиот електорат да гласа за кандидат македонец или овие гласови ,,потајно” на самиот изборен ден да се прелијат кај Вас?
Сметам на гласовите на сите граѓани, кои веруваат во Евроатланска и мултиетничка република. Како е можно наши сограѓани да просперираат надвор – а не дома? Тие се истите наши граѓани. Затоа, ни треба вистинска Република, на која ќе и веруваат граѓаните, а не држава- банкомат на нетранспарентно трошење на нашите платени даноци.
Се трудите ли да привлечете македонски гласови? Ќе оддржите ли митинзи во Западна Македонија?
Повторувам: Сметам на гласовите на сите граѓани, кои веруваат во Евроатланска и мултиетничка република. Веќе бев во Западна Македонија.
Помина изборната кампања за првиот круг, но наместо програма и ветувања, во фокусот на јавноста останаа низата гафови на кандидатите. Се изморија ли граѓаните на Македонија од избори? Ќе се исплни ли цензусот или Талат Џафери ќе застане на чело на државата?
Граѓаните се изморени од борбата со корупцијата и организираниот криминал, кои се и ќе останат мои приоритети, туку генерално општо длабоко верувам дека државата ќе се ослободи и ќе се де-персоналириза, но тоа се уште не се случи. Затоа враќањето на републиканскиот поредок и де-персонализација на државата, се објективи на мојот предеседателски мандат.
Сакам да верувам на фер избори.
Дека Македонија не е зрела демократија докажа и самата понуда на кандидатите за Претседател. Зад сите вас застанаа политичките партии. Ваш став, до кога ќе се бира шеф на државата по партиска директива а не по сопствено убедување на гласачот?
Додека разбираме дека државата не е приватна сопственост, туку наследтсво на сите нејзини равноправни граѓани. Северна Македонија, како мулти-етничко општество, треба да биде и мулти-етничка република. Републиката не познава дозирана демократија за “статистички нации”, на кој потоа им се доделуваат процентуални права.
Ниту нацијата е статистичка, ниту правата се процентуална категорија. Во републиканскиот поредок нема “давање на права”, затоа што тие ги здобиваме со раѓањето во оваа држава, а не како дискреционен подарок од власта: кому, кога, и колку права може да му се дадат.
Дали секогаш кога ќе бидете во можност ќе ја избегнувате додавката ,,Северна” ?
Не.
Дали во ликот на Стево Пендаровски или Гордана Силјановска гледате прав државник?
Да, но јас сум the real leader, the future President!