Македонија 28. јуни 2019. / 10:00

(ИНТЕРВЈУ) Дарко Каевски: СДММ ја подржува парадата на гордоста!

(ИНТЕРВЈУ) Дарко Каевски: СДММ ја подржува парадата на гордоста!

Водејќи се по европските политики и правата на помалку застапените гурпи, Социјалдемократската младина в сабота ќе дадде поддршка на Парадата на Гордоста. Иако лидерот на младината на СДСМ и директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, јасно не кажува дали тој лично ќе парадира низ центарот на Скопје, сепак вели дека определбата на партијата е толеранција и меѓусебно почитување, осудувајќи секаков вид на насилство.

Во интервјуто за „Лидер“, Каевски се осврнува и на актуелната политика поддржувајќи ги партиските смени на Зоран Заев. За себе вели дека е горд што извршува некаква функција и е дел од тимот на оваа Влада и дава се од себе за да се подобрат условите за живот на младите во земјава. Истовремено, како претседател на младината се бори, токму младите да имаат поголем удел во партиските одлуки но и да добиваат повеќе извршни функции.

Агенцијата за млади и спорт под негова палка максимално е насочена кон подобрување на условите за спортување, зголемено учество на меѓународни натпреварувања а како инфраструктурени зафати најавува проекти кои допрва трба да се реализраат.

За сите актуелни теми и предизвици за младите подетално со Дарко Каевски:

Студентските протести и протестите на средношколците беа појдовна точка да се разбуди општеството и да се побара смена кој подоцна преку Шарената револуција резултираше и со промена на власта. Се покажа дека младината може да биде движчка сила за промени. Колку младината која Вие ја предводите во СДСМ е коректив на политиките кои ги влече вашата матична партија на чело со Зоран Заев?

Студентските протести ја разбудија јавноста и ја внесоа потребната енергија во општеството, што претставуваше почеток на промената на општата состојба во државата. Студентите беа светлата точка во период кога државата беше во криза и јавно беше демонстрирано незадоволството од различни сфери во општеството. Младите и студентите треба да бидат коректив на секоја Влада. Нашата држава во овие две години направи големи чекори напред, кон евроинтеграциските процеси, а токму младите се тие што имаат најголема улога и се дел од процесите кои ја носат државата напред. Како подмладок на партијата на власт ги следиме политките кои државата ги превзема во однос на младите и како тие се реализираат. Впрочем голем дел од мерките и политиките што сега се спроведуваат како дел од програмата на Владата, беа дел од нашата изборна програма, каде мерките во делот на млади ги креираше токму СДММ. Во рамки на партијата се бориме за што поголема застапеност на младите на високи позиции во структурите на СДСМ, за да имаме директно влијание како младина во одлуките кои ги носи партијата.

Иселувањето од Македонија е тренд кој продолжува . Што направивте Вие како младина за да ги разубедите младите да не ја напуштаат земјата?

Трендот на иселување во изминатиот период доведе да, 626 илјади граѓани ја напуштат својата држава, меѓу кои , 1/3 од нив беа млади. Мерките што се превземаат од страна на институциите во делот на млади имаат за цел да овозможат услови и да им понудат на младите иднина во својата држава. Младинската невработеност како една од главните причини затоа што голем број на млади ја напуштија државата во изминатиот период, е драстично намалена. Проектот Гаранција за млади кој за прв пат се имплементира во нашата држава, а веќе се покажа како успешен пример во земјите членки на ЕУ, им нуди на младите работа, пракса или доедукација, после 4 месеци од завршување на формалното образование. Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација. Со него беа вкупно опфатени 6374 лица, од кои 3359 или 53% беа млади лица до 29 години.Наша задача е да ги информираме младите за актуелните мерки и политики и начинот на кои тие можат да бидат дел од истите, но дополнително да влијаеме на квалитетот на мерките и политиките за млади кои се носат во државата, во кои секогаш на прво место треба да биде интересот на младиот човек. Како младина сме во постојана комуникација со младите, разговараме за нивните потреби и барања и работиме на исполнување на истите.

Општ впечаток е дека оваа Влада својата сила и капацитет ги фокусираше кон членството во НАТО и ЕУ притоа занемарувајќи ги локалните и суштински проблеми на граѓаните. Како ќе ја побиете оваа теза?

Целта на Владата е реализација на страетшките цели на нашата држава, а тоа е членството во ЕУ и НАТО. Откако наследивме држава во изолација, за 2 години посветена работа Северна Македонија е на пат да стане 30-та земја членка на НАТО и да добие датум за преговори со ЕУ.
Нормално тоа не значи запоставување на локалните проблеми за граѓаните, општините во овие 2 години работат интензивно во решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Дополнително во изминатите 2 години Владата и институциите работат во насока на обезбедување подобар живот за граѓаните. Во 2018 година отворени се вкупно 26.000 нови работни места, а невработеноста падна на рекордно ниски 19,4 проценти. Минималната плата порасна од 9.000 денари во 2016, на 12.500 денари во 2019 година. Социјалната помош расте за повеќе од 300%, на 1-ви јули почнува повратот на ДДВ за секој граѓанин. Ова се само дел од мерките кои имаат за крајна цел подобрување на животот на граѓаните.

Инфраструктурно, во изминатите две години, што изгради директорот на Агенцијата за спорт и млади, колку спортски сали, повеќе наменски игралишта, тениски игралишта, затворени базени?

Агенција за млади и спорт во изминатите 2 години се концентрира и насочува кон грижа за развојот на спортот, менаџирање со спортските федерации и учество во меѓународниот систем на напревари, а особено сме насочени кон грижа и поддршка на млади спортиски кои остваруваат врвни резултати и целта да имаме остварувања на меѓународниот спортски систем и успеавме во тоа. Едно од нашите ветувања беше дека ќе ги зголемиме средствата во спортот, и го правиме тоа.

Во делот на инфраструктура во тек е проектот за реализација на 14 училишни базени , што исто така беше дел од програмта, локациите се познати а изградбата ќе започне до крај на годината. Изградена и пуштена е во употреба салата во Шуто Оризари која има капацитет за 400 гледачи. Во завршна фаза сме со изградбата на Олимпискиот Базен во Охрид која е инвестиција вредна скоро 300 милиони и ќе овозможи да се одржуваат голем број европски и светски првенства, исто така во почетна фаза сме со реновирање на базенот во Струга кои изминатите 10 години стои во руинирана состојба. Дополнително проектот 20 Фитнес зони го завршивме со што ги поставивме на 20 локации во различни општини, исто така работиме на самостојно одржување и заштита на објектите кои Агенцијата за млади и спорт ги има изградено.

Како претседател на СДММ, како ги кометирате партиските генeрализирани смени? Зошто јавно не се упати прст кон некој и не се побара одговорност, туку Претседателот на партијата направи колективна смена на сите претседатели на општинските организации како и потпретседатели на партијата?

Ние сме партија која е инклузивна и отворена за промени, ги прифаќаме сугестиите и се менуваме во интерес на граѓаните. Промените се секогаш добри и ваквата одлука на претседателот наиде на поддршка и беше добро прифатена помеѓу членството. Сепак се остави можност сите оние кои работеле на ниво на задачата и го дале својот максиумум и можат да продолжат понатаму, повторно да поднесат кандидатура. Како претседател на СДММ и како младина генерално го поддржуваме целиот овој процес, а она за што се бориме е во новите раководства на општинските организации да имаме што поголем број на млади луѓе.

Дали социјалдемократската младина е консолидирана? Колку се водите по максимата на партијата едно општество за сите и ги отварате вратите не само за своите членови?

Како младина организираме голем број на активности, настани, трибини, преку кои целта е да се доближиме до младите кои не се наши членови. Ја користиме секоја прилика отворено да разговараме со младите за реалните потреби од нивното секојдневие. Активно ги следиме политиките за млади и она што се превзема од страна на институциите, притоа заземјаќи став за она што е приоритет за младите во моментот. Тука ни е важно мислењето на секој млад човек, не само на нашите членови и активисти. Има голем број на млади што не сакаат да бидат дел од организирано делување, но можат да дадат предлози и свој придонес во креирањето квалитетни политики за младите во државата.

На крајот од месецов во Скопје ќе се одржи Парада на Гордоста. Колку Република Северна Македонија е зрела демократија за да сроведе ваков тип на манифестација?

Слободата на изразување е еден од најважните елементи на демократското општество. Процесот на демократизација на општеството е постојан процес, а ваквите манифестации можат само да го унапредат и забрзаат создавањето на зрело демократско општество во кое сите сакаме да живееме.

Дали вашата младина ја поддржува Парадата на Гордоста? Вие лично, дали ќе парадирате низ центарот на главниот град?

Следејќи ги европските политики и правата на помалку застапените групи, што е дел и од нашите стратешки определби, СДММ ја поддржува Парадата на гордоста. Јавно ја осудуваме нееднаквоста и дискриминацијата врз оваа популација, говорот на омраза и насилството.

Наша одговорност е да испратиме јасна и силна порака дека за нас меѓу врвните приоритети на нашето делување секогаш ќе бидат градењето соживот, толеранцијата, меѓусебното разбирање и почитување без разлика на половата, верската, етничката и каква било друга припадност.

Дали Дарко Каевски се гледа како иден министер во владата на Зоран Заев?

Агенција за млади и спорт е единствената институција која во фокус на својата работа ги има младите. Тоа што ми е дадена довербата да ја водам оваа институција, во период кога младината е една од најзагрозените категории во општеството, за мене е огромна задача и одговорност. Мојата визија е да ги зголемам надлежностите на институцијата која ја водам во делот на млади, со што ќе направиме системски промени и ќе овозможиме конкретни начини на инвестирање во младината. Јас лично не давам значење на називот на функцијата, но горд сум што сум дел од овој тим и од оваа Влада и што заеднички даваме максиумум во креирање на подобри услови за живот на младите во нашата држава.