Македонија 30. јуни 2020. / 21:56

Интелектуалноста на Мицкоски го победи пазарџиството на Заев

Интелектуалноста на Мицкоски го победи пазарџиството на Заев

Првото од серијата најавени предизборни соочувања меѓу лидерите на владејачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски само потврди едно старо, непишано правило. А, тоа е дека меѓу еден интелектуалец и професор и обичен ситен шеш-беш трговец не може да има вистинска дебата!

Зашто, кога во разговор, кој со нетрпение го очекува целата јавност, од една страна доминира стабилност, култура, смиреност, достоинство, ниво на комуникација, но пред се аргументи и визија, а од друга нервоза, лични и семејни навреди, обиди за дисквалификации, папагалско повторување на неаргументирани и со ништо не поткрепени пи-ар голи фрази, победникот е однапред познат. И тука нема и не смее да има никакви дилеми.

Во изминатите 30 години на тв-екраните сме виделе голем број предизборни дебати и на нив барем кандидатите за идни птремиери на државата имале и држеле соодветно ниво. Дури и во оние најжестоките од времето на 90-тите меѓу Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски имало и паѓале тешки зборови, но начинот и стилот на изнесување на меѓусебните обвинувања се правеле интелигентно и со стил. Впрочем, токму затоа и се паметат до ден денес, исто како што се паметат и нивните реплики, што веројатно ќе останат во аналите на политичката култура на нашиве простори.

За жал, вечерва видовме нешто сосема друго. Делува просто несватливо, како е можно еден екс-премиер и претендент за нов мандат во името и ликот на Зоран Заев да си дозволи отсуство на елементарна култура во однесувањето. И наместо персирање, од него да се слушне обраќање на ТИ! Така може во негово Муртино или пашалакот Струмица во комуникацијата со неговите пајташи, но не и на ТВ-дуел со директен политички ривал. Таман работа ако таков однос манифестира и во односите со високи политичари од меѓународната заедница! Брука и за државата и за нацијата.

Да, политиката може да подразбере и извесна доза на дрскост, но и во тоа мора да има мерка и  граници. На крајот на краиштата, која и каква порака испраќа пред граѓаните Зоран Заев?! Иста таква каква што слушнавме во бомбите со е*бемти народ и е*бати името, е*ати! Јавен блам!

И кога ќе отсуствува елементарното ниво на култура и на однесување, што може да се очекува друго освен навреди! Па, уште згора да се вмешаат и родителите на Мицкоски! Каква врска имаат тие со Заев, веројатно само он знае. Ако воопшто знае. И што требаше да му возврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ? Да се спушти на негово ниво и да му каже дека татко му барем не крадел струја од бандера!

Покрај очигледната нервоза и отворените фрустрации, Заев вечерва делуваше максимално агресивно. Но, тоа што остана забележано е дека како човек, кој минал три години на премиерска функција, вечерва демонстрираше отсуство на визија. Настапи со стари, излитени фрази, фрази до сега безброј пати слушнати и преџвакани од јавноста, кои веќе делуваат дури и одбивно. А, во ист контекст му беа и обвинувањата. Од финансирањето на партијата, преку фитнес салата до кафеаната на Боемска. И колку што Мицкоски делуваше смирено, со рационални одговори, не негови, туку институционални, Заев толку повеќе се палеше и паѓаше во очај.

Да биде иронијата поголема, во нападите и безидејноста ќе стигнеше да каже дека целата афера Рекет е дело на Мицкоски, а не на веќе првостепено осудените! Па, ако е така како што се обидуваше да се наметне Заев, зошто го пријавил Боки, а не Мицкоски?!

И тука се доаѓа до следниот, најблаго речено парадокс. Од една страна се фали дека тој го пријавил случајот Рекет, ама тоа го сторил со повикување во канцеларија на првите луѓе на Јавното обвинителство. Дури и да имал намера да постапи како чесен граѓанин, кој сакал да пријави случај по допрен глас, тоа морал да го стори во обвинителството, а не во неговиот премиерски кабинет. Затоа и нема записник и од пријава и од средбата. Чист дилентатизам  од невидени размери. Случајно или не, тоа е сосема друго прашање.

Имаше и уште многу други детали. На пример, Заев конечно призна дека имал директна средба со бизнисменот Миодраг Давидовиќ-Дака. Даде одговор каков што даде, но остана должен и за уште низа други, што се отворија по објавувањето на аудио-снимката.

За разлика од Заев, Мицкоски беше конкретен, директен, без отповеќе адреналин и настапи со чисти факти. Особено во делот на директните обвинувања и не попусто јавно ги повика надлежните институции на системот да ги објават наодите за да не се дозволат натамошни манипулации со јавноста.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ импонираше во делот на најавата за три големи странски инвестиции уште во првите сто дена од премиерскиот мандат, потоа во делот на непотизмот во правосудството и слабостите во него.

Во политичкиот дел меѓусебно беа испратени интересни пораки, што допрва ќе бидат предмет на анализи. Меѓутоа, треба да се издвоиу сегментот со уцените на ДУИ околу идниот премер и подготвеноста на Заев да му даде на Мицкоски одреден број пратеници за да не подлегне на нив. Чудно, но вистинито е дека иста понуда пред четири години на Заев му испрати Никола Груевски. Но, тогаш тој избра тоа да го одбие и да ја прифати Тиранската платформа.

Но, се чини, најсилен впечаток остави со финишот. На цинизмот на Заев за барем една добра работа, што едниот ја гледа кај другиот, одговори во христијански дух. Со искрена желба за добро на семејството на заев и оти во било кое време би им помогнал. По ова Заев остана засрамен и виде дека не поентгираше со цинизмот, па се обиде да ја ублажи работата со иста мерка, но за тоа веќе беше доцна.

До следното соочување Заев има време добро да размисли како ќе настапи. Ако денот се познава по утрото, тогаш истиот стил на однесување ќе му донесе катастрофа.