Македонија 09. април 2019. / 15:57

Информер: Димитров се фалел во НАТО дека Македонија го помогнала бомбардирањето на Србија

Информер: Димитров се фалел во НАТО дека Македонија го помогнала бомбардирањето на Србија

Дневниот весник Информер објави дека шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на состанокот на НАТО минатата недела во Вашингтон се пофалил дека Македонија во 1999 година помогнала да се бомбардираат Србија и СР Југославија.

Министрите на 29. членки на НАТО минатата недела одржаа состанок во Вашингтон, формално да се одбележи 70-годишнината од формирањето на блокот создаден по Втората светска војна.

Како што дознава Информер, на тој собир министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димиторв се фалел дека Македонија со ентузијазам го поддржала бомбардирањето на Србија и СР Југославија.

-Рече дури и дека Македонија дала логистика за агресијата на НАТО на СРЈ 1999 година, открил изворот.