-СДСМ го осудува физичкиот напад врз новинарката на Канал 5 телевизија, која известувала од манифестацијата за одбелжување на верскиот празник Водици, вчера, во Скопје. Неприфатливо е било каков било физички напад, неприфатливо е било какво попречување на работата на новинарите, тоа е недозволиво- велат од СДСМ.
Од партијата се со став дека „СДСМ очекува надлежните институции што поскоро да го расчистат случајот и напаѓачите да понесат одговороност односно соодветна законска казна“.
И опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди инцидентот за време на вчерашната манифестација во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ, долгогодишно препознатливо медиумско лице.
-Никој не смее да се служи со насилство, особено не на ваков ден, особено не против јавноста, против новинарите, оние кои се таму за да ја доближат оваа манифестација, оние кои го пренесуваат овој христијански чин преку медиумите. Секое насилство против новинар е насилство против демократијата“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.