Ќе поднесе ли оставка министерот за надворешни работи Никола Димитров, по онлајн конференцијата со неговите колеги од Западен Балкан? Ова прашање се наметнува по објавената информација во медиумите дека дека тој на конференцијата на која бил домаќин со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, се претставил како „Кабинет на МНР“.
За разлика од него, другите министри учесници биле потпишани со име и презиме и со името на државата која ја претставуваат.
На страна реакциите на социјалните мрежи и забелешките од типот од што се срами министерот или дека не знаел кое име на државата да го користи-старото или новото-сепак, клучно е дали за него важи Уставот и кого претставува на вакви конференции? Самиот себе си, неговиот кабинет или државата чиј министер е, без разлика на тоа кое име ќе се реши да го употребува? Зашто, сепак, од нејзините даночни обврзници зима плата, а и стипендијата што „татичко“ ја обезбеди за својата ќеркичка е од тие пари.
Само за потсетување, истиот тој министер беше главниот скандал-мајстор за разрешување на Рахела Мизрахи од функцијата технички министер за труд и социјална политика. А, причината-непочитување на Уставот, затоа што држела прес-конференција пред табла со името Република Македонија, која ниту ја пишувала, ниту ја донела од дома.
Во прашање се принципи и основното начело на одговорност. Ама, кога станува збор за Никола Димитров, тој и онака не знае што значи тоа. Опериран е.