Хрватска го ратификуваше протоколот за пристапување на земјава во НАТО.
Со 116 гласови „за“ и два „против“, хрватскиот парламент даде зелено светло на членството на нашето во НАТО. И честитам на Република Северна Македонија, рече претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ, по гласањето , на кое присуствуваше и македонска делегација, предводена од потпретседателката на парламентот Фросина Ременски.
По Грција, Албанија, Словенија и Бугарија, Хрватска стана петтата земја членка на НАТО што го ратификува протокот за НАТО.
Попладнево се очекува истото да го направи и собранието на Црна Гора.