Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека во текот на денот пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе иницијативата за изгласување недоверба на Владата до Собранието.
„Oчекувам в среда на крајот на денот да ѝ биде изгласана недоверба на Владата, за да можеме да видиме како понатаму ќе ја развиваме Република Македонија, да организираме предвремени парламентарни избори”, рече Мицкоски по утринската воскресна литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски”.