Македонија 06. јуни 2019. / 13:01

Хоџа: СДСМ и ДУИ сеуште не се договориле за реконструкција на Владата

Хоџа: СДСМ и ДУИ сеуште не се договориле за реконструкција на Владата

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа вели дека продолжуваат разговорите за реконструкција на Владата помеѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и останатите политички партии.

Очекува разговорите да завршат наредните денови по што, како што рече, ќе се знае нивната одлука.

– Консултатциите и разговорите за евентуална владина реконструкција продолжуваат меѓу политичките партии. Тие веќе комуницираат со медиумите и јавноста веќе е информирана до каде е процедурата до каде се преговорите за смени во првиот, вториот и третиот ешалон во Владата. Засега официјално нема одлука за која може да биде информирана јавноста. Очекуваме овие денови да завршат преговорите меѓу политичките партии што ја сочинуваат коалиција и дали како предлог ќе биде поднесен до Собранието. – рече на денешната редовна прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Додаде дека нивната одлука е последна и тие ќе кажат дали до Собранието ќе поднесат предлог за смени во Владата или дали, како што рече, ако евентуално нема предлог до Собранието ќе има гласање за доверба за Владата.