Македонија 26. ноември 2019. / 13:55

Ѓорѓиевски: МВР молчи и ги крие вандалите кои го уништуваа објектот на МНТ

Ѓорѓиевски: МВР молчи и ги крие вандалите кои го уништуваа објектот на МНТ

Највисокиот врв на власта е најодговорен за срамното и вандалско однесување во МНТ. Недоличните сцени се со знаење на највисоките функционери во власта, рече на денешната прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

-Четири дена МВР молчи и ги крие вандалите кои го уништуваа објектот на МНТ. Четири дена ниту некој е приведен, ниту некој е пријавен, иако МВР точно го знае идентитетот на хулиганите. МВР ги има снимките од театарот и до сега можеше сторителите веќе да ги извади пред лицето на правдата доколку тоа не беше сторено со амин на власта. Зоран Заев лаже кога се колне дека не знаел за доаѓањето на шверцерите. Навивачката група Шверцери со дозвола на власта една недела претходно ја има најавено прославата во новиот објект на МНТ. И Зоран Заев и Оливер Спасовски точно знаеле што ќе се случува. Впрочем за тоа говорат и неофицијалните информации дека 200 специјалци биле на готовс доколку се случат посериозни инциденти. Зошто веднаш по вандализмот внатре во објектот полицијата не направила обрач и не ги привела сите кои што учествувале во нарушување на јавниот ред и мир!? Ова е срам. Ова е понижување. Одговорност мора да има и од директорот на МНТ и од заменик министерот за култура, и од министерот за култура, но пред се одговорност мора да има од Оливер Спасовски и од Зоран Заев лично – истакна Ѓорѓиевски.

Одговорност веднаш. Казната за ова и други вандалски дејствија доаѓа на 12-ти април, кога Заев и неговата тајфа конечно ќе заминат во опозиција, додава тој.