Македонија 15. јануари 2019. / 15:29

Ѓорѓи Спасов за „Лидер“: Може да се случи ВМРО-ДПМНЕ да го направи Талат Џафери в.д претседател

Ѓорѓи Спасов за „Лидер“: Може да се случи ВМРО-ДПМНЕ да го направи Талат Џафери в.д претседател

Политичкиот аналитичар Ѓорѓи Спасов во изјава за „Економски Лидер“ вели дека ВМРО-ДПМНЕ доколку одлучи да ги бојктира изборите, може да придонесе за тоа Талат Џафери да стане В.Д претседател  на Република Македонија.

За аналитичарот, кој веќе две децении припаѓа на интелектуалното крило на левицата во Македонија, нема да има никакви последици од тоа што Законот за употреба на јазиците беше објавен во Службен Весник без потпис на претседателот Иванов.

Лидер: Стихијно и неочекувано, спикерот Талат Џафери го потпиша Законот за јазици кој експресно беше објавен во Службен Весник. И официјално, Македонија е двојазична. Во писмото изостана потписот на Пртседателот Иванов кој е одбележан со фус нота, а паѓа во очи и тоа што освен Џафери, под Указот е потпишан заменикот на Генералниот секретар, наместо Генералниот секретар, Цветанка Иванова. Ваш коментар, зошто сега се потпиша Законот кога Премерот е на одмор? Какви последици ќе има неговото носење во веќе чуствителен период кога се донесоа усатвните измени, и дали на повидок е време на нови собири, протести а може ли и немири? По ова потребни ли се предвремени парламентарни избори?

Ѓорѓи Спасов: Според мене нема да има никакви последици. Тој закон е по втор пат изгласан со потребното мнозинство во Собранието и не беше стапен во сила само заради непочитување на Уставот од страна на Иванов.

Со Законот не се добиваат никакви дополнителни права за Албанците од оние што беа договорени со Охридскиот рамковен договор. Единственото ново право,кое го има и во Рамковниот договор е што сега секој Албанец каде и да живее во Македонија има право со државните институции да комуницира на албански јазик. И тоа тие го нарекуваат втор официјален јазик во Македонија. Да беше ВМРО на власт истото тоа ќе го прифатеше бидејќи ништо суштествено не менува. Јас го разбирам Талат Џафери што сега го потпиша законот. Уцената од ВМРО ДПМНЕ дека ќе ги бојкотираат претседателските ако нема и вонредни парламентарни ги прави парламентарните мошне извесни иако ДУИ е против нивно одржување. Ама ако се случат и ДУИ треба да излезе пред своите избирачи со некои остварени ветувања. Оттука сметам дека ништо драматично не се случува.

ВМРО не е подготвено за избори ама инсистира на нив сметајќи дека со избори ќе го спречи функционирањето на сегашното двотретинско мнозинство во Собранието и ќе ги казни со прекинување на мандатот своите пратеници кои гласаа за промената на Уставот.

Тоа е многу ризична игра. Може да им се случи да ги изгубат и двата избори или со бојкот на претседателските да го направат Талат Џафери в.д претседател на државата до одржување нови избори.