Денеска во емисијата „Утро со Златев“ гостин беше просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.
Со него се дискутираше на повеќе теми поврзани со образованието во Македонија.
Илиевски смета дека концептот на Царовска има политичка, а не образовна димензија. На новинарско прашање за нацрт-концептот на Царовска тој го одговори следново:
– На почетокот мислев дека има образовна димензија и дека се залагаат за некакви дипломи, но сега откривам дека политиката длабоко е навлезена во образованието, потенцира Илиевски на денешното гостување во „Утро со Златев“.
Тој откри информации и за македонските функционери. Илиевски кажа дека дипломата на Заев сѐ уште не е проверена, со дипломата на Мицкоски сѐ е во ред.
Тука може да го погледнете цело интервју.