Македонија 12. јуни 2020. / 22:34

Мицкоски на лидерската инсистирал на гаранции за заштита на здравјето и кредибилен изборен процес

Мицкоски на лидерската инсистирал на гаранции за заштита на здравјето и кредибилен изборен процес

Гаранции за здравјето на граѓаните како и обезбедување кредибилност на изборниот процес преку увид во избирачкиот список и присуство на набљудувачките мисии на ОБСЕ и ОДИХР, биле цврстите ставови на лидеор на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев кај претседателот на државата, Стево Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се повлече од ставот дека во секоја своја постапка поаѓа од своите принципи за заштита на здравјето на граѓаните со оглед на растечката тенденција на Ковид-заразата. Освен гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, неоипходен е и кредибилен изборен процес, при што потребен е и увид во избирачкиот список и присуство на кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ и ОДИХР – порачал Мицкоски.

Тој инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите и воедно да не се лицитира со датуми затоа што тоа е неодговорно кон граѓаните.

Изборите не смеат да се претворат во трка по датуми. Суштината е дека треба да обезбедат гаранции за здравјето и за кредибилен изборен процес. ВМРО-ДПМНЕ е за компромис бидејки тоа е добро за државата, но не и прифаќање на еднострани диктати кои генерираат дополнителни кризи – порачал Мицкоски.