Започна протестот на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, кој ќе продолжи по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија која делува според ВМРО-ДПМНЕ делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.
Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци, стоеше во најавата на ВМРО-ДПМНЕ за овој протест.