Пред околу половина час почна вториот протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.
Голем број граѓани излегоа на улиците и се приклучија изразувајќи го револтот.
ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше улицата кај Регулаторна комисија за енергетика со најавениот втор протест за три дена поради поскапувањето на електричната енергија.