Македонија 30. декември 2019. / 11:11

(ФОТО) Заев со честитка: Дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам

(ФОТО) Заев со честитка: Дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам

Премиерот Зоран Заев ја честита Новата година на сите граѓани во објава со фотографии од неговото семејство.

Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици – напиша Заев на Фејсбук.

Порачува Новата година да секој да ја дочека со љубов и ентузијазам.

Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам – напиша премиерот Заев.