Македонија 27. јануари 2019. / 21:16

(ФОТО) Заев, Шекеринска и Спасовски вечераа заедно со Александар Вулин!

(ФОТО) Заев, Шекеринска и Спасовски вечераа заедно со Александар Вулин!

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во ресторан во Скопје вечераа заедно со шефот на кабинетот на Претседавачот со претседателството на Република БиХ Мирослав Додик-Синиша Карани и министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.

Вечерата беше организирана од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ а на истата присуствуваа и делегации од Македонија и Србија.

Шекеринска, Заев и Спасовски постојано говорат за својата прозападна ориентација, но овој пат вечераа со шефот на кабинет на Претседавачот со претседателството на Република БиХ  на Мирослав Додик-Синиша Карани кој важи за еден од најголемите критичари на САД и НАТО.

Вечерата беше организирана во чест на српскиот национален празник, Свети Сава.

Ми претставува чест и задоволство што како Градоначалник на Општина Центар заедно со Премиерот Зоран Заев како покровител на Светосавската академија, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Директорот за унапредување на јазиците на заедниците Милутин Станчиќ и пратеникот Мирослав Јовановиќ ги пречекавме ценетите гости од Србија Александар Вулин Министер за одбрана на Република Србија, Шефот на кабинет на Претседавачот со претседателството на Република БиХ Мирослав Додик-Синиша Каран, Миодраг Линта Преседателот на одборот за дијаспора и србите во регионот во Собранието на Република Србија кои се наши гости на Светосавска академија, која се одржува по повод Националниот ден на Србите во Македонија. Заедно со нашите соседи, денеска ги одбележуваме делата на една од најзначајните личности во историјата на српскиот народ, Свети Сава – голем човек, дипломат, духовен лидер, просветител, писател и добротвор, напиша  Градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ на Фејсбук.

ф