Македонија 04. февруари 2019. / 17:07

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ учествува на Политичкото собрание на Европската народна партија во Брисел

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ учествува на Политичкото собрание на Европската народна партија во Брисел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, учествуваат на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел.

Мицкоски по средбата со европратеникот Едвард Кукан, истакна дека престојот го продолжува на Политичкото собрание каде се разговара за заедничките предизвици и начините на остварување на соработка.

Политичкото собрание на ЕПП ги дефинира политичките позиции на Партијата помеѓу секој Конгрес, одлучувајќи за апликациите за членство и конечните политички насоки. Политичкото собрание, исто така, одлучува за буџетот. Ова Политичко собрание е составено од ex officio и делегирани членови.