Македонија 26. ноември 2019. / 10:30

(ФОТО) Силниот земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија, еве каде и колку изнесувал

(ФОТО) Силниот земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија, еве каде и колку изнесувал

Земјотресот кој утринава го разбуди речиси целиот Балкан најмногу се почувствува во Албанија и во градот Драч каде до овој момент има седум жртви и над 300 повредени.

Најсилниот земјотрес утринава во 3:54 минути со локална рихтерова магнитуда од 6.3 степени беше почувствуван и на територијата на Македонија.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот во 3:54 минути бил почувствуван со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка сакала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, 4-5 степени во Скопје, Кичево, Битола и 3-4 степени во некои делови од источна Македонија.