Младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од пред полицската станица во Ново Лисиче објавија фотографија со порака ,,Не ви се плашиме”.
Младите од ВМРО-ДПМНЕ беа во полициската станица во Ново Лисиче а распитот бил поради наводно цртање за графити.
–Не собраа утринава со полиција од дома и не распрашуваа за некакво цртање на графити во Аеродром – вели за Лидер организациониот секретар на УМС, Петар Миовски кој сеуште е во полициската станица.
Како што сведочат за ,,Лидер” утринава биле приведени и однесени во полициската станица во Ново Лисиче, најголем дел од членовите на раководството на УМС Аеродром.
Помеѓу лицата кои беа во полициската станица во Ново Лисиче беше и советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, и организационен секретар на партијата Петар Миоски. Во полициката станица беше и претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски.
Во станицата во Ново Лисиче беа и членовите на Извршниот Комимтет на УМС Аеродром и потпретседателите.