Македонија 13. декември 2019. / 00:22

(ФОТО) Заев дискутираше за придобивките од НАТО пред полупразна сала

(ФОТО) Заев дискутираше за придобивките од НАТО пред полупразна сала

„Салата на Филозофски факултет за време на предавањето на Заев за убавините на НАТО и Аризона дрим – полупразна, како што и треба да биде“, напиша денеска на нејзиниот фејсбук профил професорката Билјана Ванковска и додава дека е горда на студентите.

Премиерот во заминување Зоран Заев, заедно со амбасадоот на Кралството Холандија во Скопје Дирк Јан Коп, денеска на Филозовскиот факултет при УКИМ дискутираа за придобивките од членството во НАТО.

Дискусијата беше на тема „Патот до членството во НАТО: од изолирана до интегрирана земја“, а премиерот, потсетувајќи на историјата, објаснуваше зошто е големо значењето да се биде дел од сојузот.

Настанот е дел од НАТО караванот кој веќе некое време работи и разговара со студентите, средношколците и граѓаните низ држававата за придобивките и предизвиците од членството во НАТО.