Македонија 03. октомври 2020. / 18:50

(ФОТО) „Народ во затвори, мафијата во фотељи“ – Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) „Народ во затвори, мафијата во фотељи“ – Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

Нов протест, како што велат, против неправди, реваншизам и политичкото насилство, вечерва одржува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата  ги повика граѓаните својот револт против оваа влада да го искажат во 18.30 часот.

„40.000 долари стипендија за ќерката на Никола Димитров, 40.000 луѓе без работа“,  „Талибанска правда“, „Трас трас судство, Луј Витон обвинителство“, „За тегла ајвар затвор, за убиството кај Млечен слобода“, е дел од паролите на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.