Министрите Никола Димитров, Радмила Шекеринска и вицепремиерот Бујар Османи вечерва дебатираат на ТВ Алсат М. Тема се европските интеграции.
Чудна пракса се развива на македонските национални телевизии, на кои кога се дебатира не се повикува опозицијата. Власта дебатира сама со себе. Министрите очигледно сакаа да дебатират само со своите истомисленици, па токму затоа неколку министри ја застапуваат истата страна во една емисија.
Слично беше и минатата недела на ТВ 24, кога премиерот Зоран Заев учествуваше со неколку свои министри. Очигледно провладините медиуми и власта ја продолжуваат праксата поради која медиумските слободи беа лошо оценувани од меѓународните институции.