Македонија 29. декември 2018. / 15:50

(ФОТО) Камионот со бината на #Бојкотирам пратен на технички преглед – протестот спречен, казна од 4.000 евра

(ФОТО) Камионот со бината на #Бојкотирам пратен на технички преглед – протестот спречен, казна од 4.000 евра

Организаторите на денешниот најавен собир пред Влада, и денеска беа спречени да организираат масовен протест.

Камионот со опремата со бината, озвучувањето, агрегатите и другата светлосна опрема, бил спречен од полицијата која сакала да го испрати на технички преглед. Иако се било исправно, полицијата одлучила да го казнат возачот со 4.000 евра поради претовар, дознава Лидер.