Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратеникот Влатко Ѓорчев, присуствуваа на Светата литургија по повод чествувањето на Римокатоличкиот Божиќ во римокатоличката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
На Светата литургија присуствуваа голем број на верници, а ваквите празнични мигови носат светлост во секој дом, но и нѐ потсетуваат дека божиќната радост треба да биде споделена со блиските, соседите и пријателите.
Шефот на државата, заедно со лидерот на опозицијата и пратеникот Ѓорчев, изразија почит кон нашите сограѓани припадници на Римокатоличката Црква.