Македонија 09. мај 2020. / 15:57

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Законот не важи за локалите блиски до Заеви: „Вила парк“ преполна и покрај забраната

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Законот не важи за локалите блиски до Заеви: „Вила парк“ преполна и покрај забраната

Локалот „Вила Парк“ во Струмица, кој важи за омилено место на фамилијата Заеви, работи и е преполн иако со уредба на Владата е забрането да функционираат угостителски објекти.

До редакцијата на „Лидер“ пристигнаа фотографии кои покажуваат дека летната тераса на „Вила Парк“ е преполна.

Инаку, оваа локација има сопственик близок до фамилијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во јавнота локалот важи како место каде што се договараат најголемите бизниси на оваа фамилија.

Очигледно, ако сте блиски до Заеви законот за вас нема да важи и додека стотици локали пропаѓаат и тонат во долгови поради забраната за функционирање, некој се богати.