Македонија 19. декември 2019. / 12:06

Фокус: Заев одлучил Спасовски да биде технички премиер

Фокус: Заев одлучил Спасовски да биде технички премиер

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев неделава пред партискиот врв соопштил дека одлучил министерот за внатрешни работи и партиски потпретседател Оливер Спасовски да биде технички премиер во Пржинската влада, дознава Фокус од високи партиски извори.

Според нив, денеска треба да се оддржи нова координација на партискиот врв на социјалдемократите, на кој оваа одлука би требало да биде потврдена, по што во следниот период се очекува да биде верификувана и на партискиот Централен одбор.

Неофицијално, покрај Спасовски, во разговорите меѓу челните луѓе во Бихаќка се споменувала и министерката за труд и социјала Мила Царовска, од причина што и таа треба да се повлече од министерската позиција, согласно пржинските изборни правила, кои станаа дел од Изборниот законик.

Целиот текст на Фокус можете да го прочитате ТУКА.