На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали е возможно одржување на изборите, наведе неколку аргументи поради кои смета дека периодот пред нас ќе биде мирен и ќе има можност за одржување на избори.
-Во однос на изборите сите тие процеси, овие мерки коишто ги носиме, овие предивдувања коишто ги даваме врз основа на анлизите коишто ги правевме досега, истите параметри коишто се анализираат цело време. Заради тоа што наш став, наш начин на работа во целиот овој период е да сите овие мерки ги димензионираме врз основа на бројките на пациенти, Пред нас е еден мирен период, заради тоа што имавме досега строги мерки, видливи се резултатите од рестрикциите на движењето и затворените граници, Според дискусијата, според предвидувањата сметаме дека пред нас е еден мирен период, период во којшто може да се изменаџира овој евентуален број на пациенти со којшто може да се соочиме. Тоа што е на некој начин е што сите новодијагностицрани пациенти се во врска со точно утврдени настани, еден погреб во Тетово, еден настан семеен во Скопје. Отворените граници, патувањата, влезот на наши граѓани во странство и враќање назад, деца во училиште…тоа се фактори коишто може да ја влошат епидемиолошката слика. Тоа се предвидувањата врз основа на научните сознанија, такви се предивувањата и затоа сега врз основа на тие анализи го препорачуваме ова олабавување на мерките. Тоа се аргументите зошто сметаме дека периодот пред нас ќе биде мирен и ги кажав ризците, коишто таа епидемиолошка слика можат да ја влошат, а врз основа на чии предвидувања ги воведовме рестриктивните мерки, кажа Филипче.
Само неколку часа порано, во настапот во емисијата „ Утрински брифинг“, Филипче призна дека бројот на пациенти заболени од овој вирус почнува да се зголемува.
-Имаме многу различни сценарија кои за многу кратко време ја сузбија епидемијата, за кратко време се намали бројот на пациенти, но сега повторно се враќаат, истакна Филипче.
Која е точна констатација на Филипче? Утриснака или пладневната? Таа кога признава дека бројот на заболени од корона вирусот се зголемува, или таа кога вели дека периодот пред нас ќе биде мирен?
Од одговорите на овие прашања во многу треба да зависат и натамошните чекори околу одредувањето на терминот за парламентарните избори. А, како може тоа да се стори кога првиот човек на Министерството за здравство не знае што точно не очекува во блиска иднина? И што повеќе сака да биде-политичар или здравствен работник?