Македонија 05. март 2020. / 13:19

Филипче: Размислувам да поднесам тужба против Стоилковски

Филипче: Размислувам да поднесам тужба против Стоилковски

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека размислува да поднесе тужба против портпаролот на ВМРО–ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој го обвинува дека користејќи ја функцијата се стекнал со огромен имот на Водно и дека доделува милионски тендери на фирми блиски до негови роднини.

ВМРО-ДПМНЕ го помина мојот голем праг на толеранција, ќе разгледам да поднесам тужба, рече министерот Филипче.

Тој вчера првпат јавно пороговри за обвинувањата од ВМРО–ДПМНЕ и ги оцени како калсични лажни вести.