Македонија 12. ноември 2020. / 21:05

Филипче предупредува: Почитувајте ги мерките при прославување на успехот на фудбалерите

Филипче предупредува: Почитувајте ги мерките при прославување на успехот на фудбалерите

По победата на македонската фудбалска репрезентација, министерот за здравство Венко Филипче се огласи на Твитер. Тој ги поздрави нашите фудбалери, но воедно и предупреди народот да ги почитува мерките при прославата на нивниот успех.

– Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација, напиша Филипче на Твитер