Македонија 14. март 2020. / 14:02

Филипче предлага да се затворат трговските центри

Филипче предлага да се затворат трговските центри

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата со корона вирусот во земјата информираше дека по консултација со Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата носење на мерка за затворање на сите трговски центри низ земјата со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Во овој момент ги очекуваме очекуваме од Дебар да пристигнат новите четири пациенти, додека првата пациентка од Скопје во понедленик ќе си замине од Инфективна болница на домашно лекување. Кај првата пациентка од Дебар е влошена состојбата и е поставена на машина за дишење. Од четирите нови пациенти едно е 15-годишно момче, сите имаат лесна форма на болеста – рече Филипче.

Во овој момент се тестираат седум лица, шест се од Дебар, рече Филипче, се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола.

Непосредно пред оваа прс-конференција двајца наши државјани кои патувале за Шпанија се јавиле со покачена температура и кај нив ќе се земе брис, па подоцна ќе ги соопштиме резултатите. Во Дебар болницата е организирана така да епидемиолотог и инфектолози и од болницата и од дебарската бања се сега на располагање во овој регион, тие ќе работат во две смени – изјави Филипче.