Македонија 11. јуни 2020. / 16:59

Филипче: Нови кластери поради семејни веселби во Скопје и Охрид

Филипче: Нови кластери поради семејни веселби во Скопје и Охрид

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека поради две големи прослави во Скопје и Охрид се создадени два нови кластери на зараза со коронавирус.

– Создадени се нови кластери во Охрид на семејна прослава на која присуствувале околу 200 лица, од нив 8 се позитивни, а 40 се во изолација. Исто така во семејна прослава во Скопје на која присуствувале околу 100 лица, од нив 14 се позитивни. Голем проблеми е што во дел од случаите лицата не соработуваат за анкетите и не даваат точни информации, рече министерот Филипче.

Министерството за здравство денеска околу пладне соопшти дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања и се регистрирани 175 нови случаи на ковид-19, а регистрирани се и пет починати пациенти.