Во изминатото деноноќие во Македонија од 868 тестирања има 67 позитивни пациенти и еден починат пациент од Ковид-19. Шест пациенти се примени на Инфективна клиника, а во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 27 пациенти, изјави предмалку на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Во Штип дадени се 55 решенија за самоизолација, еден дел од вработените во петте текстилни фирми се тестираат. Во Тетово се проверуваат 40 лица од приватна фирма. Вчера во Липково се утврдени 12 заболени, а во Чаир и Студеничани 10 семејства се тестираат – изјави тој.
Министерот информираше дека во Дом за стари лица во Ченто и Кадино има две позитивни штитенички и тројца вработени, а позитивен е и полицаец од Унгарија кој е на работна задача во земјава.