Ниту едно именувано или избрано лице во Владата не е во групата кај кои постои индикација за тестирање за Ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.
– Досега не сум слушнал дека има некој од именуваните или избрани функционери. Има бројни, многу институции, а доколку мислите конкретно во Владата, нема лица што се на ниту еден начин во групата на лицата за кои се поставила индикација за тестирање – изјави министерот.