Македонија 13. април 2019. / 20:16

Филипче: Не давам оставка, за морбилите е крива претходната влада

Филипче: Не давам оставка, за морбилите е крива претходната влада

Епидемијата на морбили е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната влада и негрижата за здравјето на граѓаните. Доколку не прогласевме епидемија, сега државата ќе беше парализирана од огромен број на заболени лица. Не сум му понудил оставка на премиерот, одговори денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Приближно 12.000 илјади деца се вакцинирани од 16.000 невакцинирани деца во градот Скопје. Родителите ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и голем е одѕивот за вакцинација. Никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак некој со своја волја има право да го загрозува правото детето да биде здраво, напиша Филипче на социјалните мрежи.