Македонија 29. декември 2020. / 12:43

Филипче на средба со Данаиловски, договорена понатамошна соработка

Филипче на средба со Данаиловски, договорена понатамошна соработка

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска оствари средба со проф. д-р Драган Данаиловски на која се договорија да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.

– На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Данаиловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството. Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката, изјави Филипче.

Во продолжение ви го пренесуваме и Фејсбук статусот на министерот за здравство.

На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодараност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес…

Posted by Венко Филипче on Tuesday, December 29, 2020