Македонија 22. декември 2020. / 15:09

Филипче: На епидемијата можеби и се ближи крајот, не смееме да ризикуваме уште еден бран

Филипче: На епидемијата можеби и се ближи крајот, не смееме да ризикуваме уште еден бран

На денешната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипле, кажа дека слободен број на кревети во болниците има. Има се повеќе термини за тестирање, значи се намалува притисокот. Намален е бројот на тестирања и во државните и во приватните лаборатории.

-Интензивно разговаравме изминатите неколку недели со Бугарија, имаме добри вести, а тоа е дека Бугарија како донација ќе оддели одредена количина на вакцини од секоја количина која ќе ја добие за Македонија. Изразив голема благодарност, истакнавме дека оваа криза ја поттикна солидарноста и покажа дека само заеднички можеме да ги решаваме сите предизвици. Таква најава за донација на вакцинит имаме и од Грција и од Полска, рече Филипче.

Тој посочи дека пред нас следи вообичаено убав период на Новогодишни празници, се надела дека следната година ќе биде многу подобра од оваа, и апелира да не правиме ништо што би можелода ја влоши ситуацијата. Да се празнува одговорно, согласно со спроведените мерки.

-Апелирам во следните 2-3 недели сите да бидеме крајно внимателни, има некакви позитивни придивижувања, ќе видиме дали е тоа почеток на крајот на епидемијата и затоа не смееме да ризикуваме уште еден силен бран на епидемијата, кажа Филипче.