Македонија 20. јуни 2020. / 20:14

Филипче и Шилегов со спротивни изјави за коронавирусот

Филипче и Шилегов со спротивни изјави за коронавирусот

Објавата од скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека е позитивен на Ковид-19 ја проблематизира изјавата на министерот за здравство Венко Филипче околу заштитата од коронавирусот, поточно го поставува прашањето кој од нив (не) ја зборува вистината, објави expres.mk.

Почитувани, би сакал да ве известам дека, и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и за заштита на луѓето околу мене, сепак, не успеав да се себезаштитам од Ковид-19, објави Шилегов.

Неговата изјава е спротивна на таа од Филипче.

Не постои ниту еден единствен епидемиолошки податок што укажува дека некој се заразил со коронавирус ако ги почитувал мерките, рече Филипче синоќа во емисијата „Само интервју“ на телевизијата Канал 5.