Македонија 22. септември 2018. / 14:46

Еве кои се луѓето на Шилегов кои ја попречуваа екипата на Лидер да го снима неговиот криминал

Еве кои се луѓето на Шилегов кои ја попречуваа екипата на Лидер да го снима неговиот криминал

Дамјан Костовски викан „Американо“ и Дејан Стојчески викан „Глауч“ се двајцата двајцата Гостиварци се  кои вчера ја попречуваа екипата на Економски Лидер да си ја обавува својата професинална задача и не им дозволуваа да го снимаат државното земјиште кое е узурпирано од страна на граночалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Граѓаните кои ги препознаа за Лидер ги открија нивните имиња и ни рекоа дека двајцата се долгогодишне активни членови на владејачката СДСМ, а од фотографиите може да се забележи дека се исклучително блиски со Шилегов. Тие беа во постојана комуникација со него и во еден момент ни нудеа да се чуеме со скопскиот градоначалник, што беше одбиено од наша страна.

Ниту Костовски, ниту Стојчески не се од Маврово, што покажува дека е многу веројатно тие со нивниот џип да ја следеле екипата на Лидер.

Според непотврдените информации кои ни ги кажуваат жители на Гостивар, овие две лица се ново-вработени во МВР.

Инцидент се случи вчера во Маврово каде екипата на Економски Лидер беше попречувана од луѓе на Шилегов да ја снима неговата куќа која узурпира државно земјиште.

Двајцата дојдоа непосредно пред Лидер да почне да ја снима куќата на Шилегов и бараа да ги извадиме батериите од камерата, по што ние ја вклучивме камерата и еден од нив се скри.

Лидер очекува реакции од МВР и обвинителство, сега кога нивниот идентитет е познат.

Видео од инцидентот во прилог:

Утринава Економски Лидер објави дека скопскиот  градоначалник Петре Шилегов направил кривично дело за кое се оди во затвор, со тоа што узурпирал државно земјиште на националниот парк Маврово, кое си го користи како двор за својата викендица, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер.

Документите до кои дојдовме покажуваат дека Шилегов узурпирал над 1000 м2 државно земјиште, кое се наоѓа непосредно над неговата луксузна викендица во Маврово и го претворил во дворно место.

Мапите на катастер покажуваат дека викендицата на Шилегов се наоѓа на парцелата број 1625, односно веднаш над мавровското езеро.

Парцелата на која се наоѓа куќата на Шилегов
Имотен лист на земјиштето на Шилегов

На аматерските фотографии кои за Лидер ги направи жител на Маврово се гледа дека дворот на Шилегов навлегува во земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Таму градоначалникот на Скопје си гради двор со коцка, која според нашите информации е извадена од депото на град Скопје а претходно беше поставена на плоштадот и на улица Македонија.

Од документите кои ги добивме, а ги објавуваме подоле јасно се гледа дека парцелата 1624/1 во Маврово, е парцела во сопственост на Република Македонија заведена како пасиште во вкупна површина од 1750 м2, истата директно граничи со парцелата каде се наоѓа неговата луксузна вила и истата е претворена во дворно место, поплочена со коцка и обградена со потпорни ѕидови.

Викендицата навлегува во државно земјиште (2)
Викендицата навлегува во државно земјиште (1)
Викендицата навлегува во државно земјиште (3)

Имотните листови покажуваат дека парцелата помеѓу патот и викендицата на Шилегов е во сопственост на Република Македонија, а тој таму реди коцка и си ја користи како двор, иако според деталниот урбанистички план, дворот треба да му гледа на другата страна.

Парцелата пред куќата на Шилегов

Шилегов узурпирајќи го државното земјиште, кое го претворил во дворно место извршил кривично дело Узурпација на недвижности од чл. 225 ст. 2 од КЗ со што му се заканува казна затвор од 1 до 5 години затвор, дополнително со самото тоа што на земјиштето правел градежни зафати без дозвола за градба извршил и кривично дело Бесправно градење од чл. 224 – а ст. 1 со што му се заканува казна затвор од 3 до 8 години затвор.

Фактот што државното земјиште е заведено како пасиште, а се наоѓа во рамки на Националниот парк Маврово со него во име на Република Македонија управува и има право на користење ЈП Национален парк Маврово, се поставува прашањето, како управата на паркот дозволила повеќе месечно узурпирање и градење на државно земјиште, без притоа да реагира.

Нема реакција ниту од другите државни институции, како Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Градежниот инспекторат, Инспекторатот за екологија и Јавното обвинителство, кое мора да реагира согласно закон и да поднесе кривична пријава против узурпаторот – Шилегов.

Лидер стапи во контакт со градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, кој учтиво не замоли за ова прашање да се консултираме со секторот за урбанизам. Во текот на денот, ќе стапиме во контакт и со секторот за урбанизам и со Националниот парк Маврово.

Инаку, двете кривични дела кои ги извршил Шилегов се кривични дела кои се гонат по службена должност, обврска е ЈО е да поведе навремена постапка.