Македонија 30. мај 2019. / 14:04

Ел Чека објавува „бомби“ – Фејсбук сеуште не реагира

Ел Чека објавува „бомби“ – Фејсбук сеуште не реагира

И денеска не запира протекувањето на „бомби“, односно на нелегално прислушувани разговори, на социјалната мрежа Фејсбук. Објавувачот на најновите разговори, а на Фејсбук потпишан како Ел Чека, пред малку објави два нови разговори.

Објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, вели дека телефонските разговори се меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и екс министерот Муса Џафери, а наводно зборуваат за Охридскиот рамковен договор. Тој откри и дека комнуницира со дел од осудените за Диво насеље, и наводно со нив се договорил да ги објави сите „бомби“ што ги има.

МВР вчера информираше дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле обвинителството.

– Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста. – велат од МВР.

Нејасно е зошто Фејсбук сѐ уште не му го блокираше профилот на објавувачот, па тој и понатаму слободно објавува нелегално прислушувани материјали.