Kичевецот познат под псевдонимот „Ел Чека“ пукаше „бомби“ од Пацификот, а сајтот „Клани Зајазит“ каде беа објавувани разговорите не функционира.
На остров во Пацификот со само 1500 жители е регистриран веб сајтот од кој се пукаат повторно „бомбите“ на „Ел Чека“ откако Фејсбук ги избриша неговите профили.
Под името на порталот пишува „видео за злосторствата на ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ“. Последниот објавен наслов гласи: „Монструм е проект на ВМРО и ДУИ и помогнат од некои медиумски работници“.