Македонија 04. октомври 2018. / 17:06

ЕКСКЛУЗИВНО: Заев сакал да поднесе оставка. Пратениците му откажуваат послушност?

ЕКСКЛУЗИВНО: Заев сакал да поднесе оставка. Пратениците му откажуваат послушност?

По целосниот неуспех на референдумот за промена на името во недела, кога власта не само што не успеа да обезбеди цензус и извади 36.9% од гласачите, од кои голем дел на сила, и со над 50.000 гласови добиени по пат на полнење на кутии, Заев бил спремен за оставка, дознава ексклузивно Лидер од добро информирани извори блиску до Заев.

Од неофицијални извори блиски до Заев дознаваме дека премиерот бил изненаден од резултатот, до мера да спрема и своја оставка, одлуката која ја соопштил на потесен број свои соработници брзо се проширила, а откако Заев се повлекол од штабот за следење на референдумот и набрзо потоа дошол иако видно нервозен и свесен за поразот ја сменил таквата одлука.

Изворот од Бихаќка кажува дека навидум монолитната состојба во таборот на власта е целосно некомпактна партија, која пука по повеќе шавови, Заев – Шекеринска, партиски врв – пратеничка група, партиски врв – општински одбори.

Шекеринска била за избори, додека Заев против. Многумина во ваквото инсистирање на Шекеринска препознаваат обид да стави крај на политичката кариера на Заев и да инсталира во врвот на партијата некој од своите кадри.

Лидер дознава дека 2 пратеници од СДСМ од кои едниот од 5 – тата изборна единица веќе му кажале на Заев дека договорот немаат намера да го гласаат во Собрание, тие велат дека за нив порака од граѓаните е јасна и дека договорот од Преспа е мртов. На ваквите ставови на пратениците од 5 – ка можат да се приклучат и пратеници од 3 -тата и 4 – тата изборна единица.Претходно пратеникот од редовите на СДСМ, универзитетскиот професор Ферид Мухиќ, јасно во неколку наврати кажа дека нема да гласа за промена на името во Собрание.

„Сите сме изложени на тој притисок. Ние можеме да покажеме многу повеќе интегритет. Некои од договорите се асиметрични не се градени на реципроцитет. Изненадувачки, според мене, е колку поединци немаат глас. Ова е првпат во историјата, преседан, никогаш и ниту еден освојувач да бара промена на името од една држава. Притисокот е на целата држава. Нѐ уценуваат. Дај го името, па ќе го добиеш ова. Тоа е корупција, тоа е најниско ниво“,рече Мухиќ во една прилика при гостување на една телевизија.

Оттука можноста Заев да обезбеди мнозинство првин во сопствените редови е релативно тешко остварливо.

Загрижувачки за СДСМ е тоа што според нивните анализи резултатите од референдумот покажуваат пад на довербата кај граѓаните во целата држава. Велат со вакви бројки губиме во најголемиот број на општини. Но се тешат со можна предизборна коалиција со ДУИ, со чии гласови според нивни пресметки би имале ист број на пратеници како ВМРО-ДПМНЕ.

Подвоеноста на линија Заев – Шекеринска, која во изминатиов период резултираше со повеќе местенки на функционери блиски до едната или другата страна екслопдира.

Шекеринска станува жесток поборник за избори во Ноември, особено со намера Заев да излезе на избори кои ќе ги изгуби, а со цел негова смена на лидерската позиција, како истата до претседателските избори би можела да ја преземе партијата, па тогаш заедно со гласовите н албанците да стане новиот претседател на државата, особено свесна дека по катастрофално водената политика за националните прашања СДСМ ја чека длабока опозиција, па бара прибежиште во функцијата претседател, на која ако не го детронизира Заев би можел да претендира и самиот.

Нашиот извор за Лидер брифира дека состојбата во владејачкиот табор исклучително ќе кулминира по состаноците на ЦО, каде се очекува да се донесат крупни одлуки во кој правец ќе се движи политиката во идните неколку месеци.