Македонија 10. јануари 2019. / 23:35

ЕКСКЛУЗИВНО: Власта нуди пари и слобода за последниот глас за промена на името?!

ЕКСКЛУЗИВНО: Власта нуди пари и слобода за последниот глас за промена на името?!

Од неофицијални информации од извори во Собранието кои засега не се потврдени Лидер дознава дека вечерва се одвива вистинска драма каде премиерот Заев е вклучен во операција за корумпирање на гласови на пратеници за уставните измени. За двотретинско мнозинство им е потребен еден пратеник.

За тоа Заев наводно дал налог, да не се штедат пари и ветувања за да се убедат пратениците да гласаат, шпекулираат за Лидер пратеници од опозицијата. Пуштени се посредници кои нудат се и сешто, додека е и ангажирана поголема група на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои од партијата беа оценети како слуги на Заев во обезбедување на тоа мнозинство. Тие наводно вртат броеви и вршат убедувања по пратеници и нивни роднини, заеднички собрани во еден скопски локал.

Тие во таквата операција го наоѓаат и својот интерес амнестирајќи ги од случаите кои се водат против нив. Заев во Владата очекува резултати од ваквото финале за насилна промена на Уставот.