Македонија 22. јануари 2019. / 09:20

(ФОТО) Дали терорист од Диво Насеље е назначен за советник во владата?

(ФОТО) Дали терорист од Диво Насеље е назначен за советник во владата?

Беким Алиу од Куманово – кој за време на нападот во Диво Насеље (2015) на терористите преку фејсбук им ги откриваше позициите на полицијата а во исто време е ветеран терорист на ОНА од војната во 2001 – бил поставен на советничка позиција во владата, се сомневаат во изјава за „Лидер“ луѓе од владејачката СДСМ.

Нашиот извор е незадоволен од тоа што  Алиу, кој тој го нарекува „Терорист“, гордо се шета во зградата на владата, додека голем дел од активистите на СДСМ и покрај далеку повисокото обрзование седеле невработени.

-Терористов којзнае дали има завршено и средно, а гордо облечен во одело се шета во владата. Се сомневаме дека е вработен како советник во владата на Република Македонија за што се фали на фејсбук. – вели изворот на „Лидер“.

По добиената информација, го проверивме и фејсбук профилот на Алиу на кој тој јавно се пофалил за неговото вработување како „Советник во Владата на Република Македонија“.

На facebook, Алиу се пофалил за неговата нова функција

На истиот профил на кој сега Биким Алиу ја обзнани својата функција, на 9 мај 2015 тој ги алармираше терористите кои беа сместени во кумановско Диво Насеље дека пристигнале полициските сили. Тогаш, тој ги издаде позициите на полицијата пред терористите, по што следуваше крвава битка која заврши со 8 убиени полициски службеници.

– Сега моментално се собрани кај „Голд Хипермаркет“, околу 50 луѓе од специјалната единица… – напиша на 9 мај 2015 Алиу на неговиот профил на социјалната мрежа фејсбук, по што следуваше напад врз полицијата од терористите.

Објавата на Алиу од 9 мај 2015, со која беа откриени позициите на полицијата во битката по која имаше 8 загинати специјалци

Во исто време, според пишувањата на медиумите во 2015, Алиу на фејсбук ги пофалил „мажите“ кои војувале со полицијата.

Овој кумановец и покрај очигледното јавно откривање на позициите на полицијата пред терористите, не беше опфатен во обвинението во кое се теретат 29 обвинети терористи за нападот во Диво Насеље.

Веднаш по крвавите настани во Диво Насеље, Алиу се фотографираше со човекот за кој сега се фали дека му е работодавец – премиерот Зоран Заев – кој тогаш беше во посета на населбата и како херој беше пречекан од Албанското население.

Зоран Заев и Беким Алиу, Диво Насеље, 10 мај 2015

Од тогаш па наваму, Беким Алиу е активист и член на владејачката СДСМ. Доколку се разгледаат неговите профили на социјалните мрежи, ќе се види дека тој бил прилично ангажиран во сите досегашни кампањи на СДСМ, меѓу кои и онаа за референдумот.

Скоро и да не постои висок функционер на владејачката партија, со кој овој кумановец не се фотографиран. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и директорот на Службен Весник кој го објави законот за двојазичност без потпис од претседателот Иванов, се само мал дел од видните Социјалдемократи со кој тој се пофалил на фејсбук.

Фотографии на Алиу со високи функционери на СДСМ

Очигледно Беким Алиу ја соблекол тренерката која ја носи на фотографиите од времето на нападите во Диво Насеље, сега во одело, заедно со неговата сопруга се фотографирал и се пофалил на фејсбук пред зградата за која тврди дека му е ново работно место – Владата на Република Македонија.

Беким Алиу на неговото ново работно место

„Лидер“ утринава постави прашања до портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој го прашавме дали господинот Алиу е вработен во владата? А доколку е, побаравме увид во тоа колку пари месечно заработува и какво е неговото ниво на образование.

Колаж, Алиу во ОНА, 2001

Инаку, Беким Алиу е ветеран од 2001, кога се борел на страна на терористичката ОНА.