Македонија 05. март 2020. / 13:19

Екипата на Инфомакс нападната и спречена да присуствува на пресот на Заев

Екипата на Инфомакс нападната и спречена да присуствува на пресот на Заев

Блокирано возило, пцовки и вербални напади, вака била пречекана новинарската екипа од редакцијата на Инфомакс, со што им било оневозможено да присуствуваат на прес конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пишува порталот.

-Вака Зоран Заев и неговите сопартијци се пресметуваат со неистомислениците и критичарите на нивните криминални политики, велат од Инфомакс.

За потсетување, вчера, главниот уредник на Инфомакс, Александар Митовски, доби зaтворска кaзна од шест месеци затоа што објавил документ од јавното обвинителството кој е денес во јавна постапка пред судот во случајот “Рекет“. Документот не е со статус ниту на државна ниту службена тајна.