Македонија 04. февруари 2019. / 11:47

Ефтов: ВМРО-ДПМНЕ победува – покажуваат анкетите!

Ефтов: ВМРО-ДПМНЕ победува – покажуваат анкетите!

Новинарот Васко Ефтов, во својата најнова емисија „Во Центар“ ги обелодени резултатите од последните анкети, направени во јануари годинава. На тие анкети, вели Ефтов, се покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

-Еве ги последните анкети од јануари месец оваа година и на тие анкети се покажува тренд на водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, на пример кога се мери излезноста на сите гласачи и кога се мери заедно Македонци, Албанци, Роми и Турци, тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 18,2% a СДСМ има 17,5%, значи негде околу 0,7% до 0,8% има предност ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има најнизок резултат во ноември минатата година, тоа е она ситуација кога 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаат за уставните измени или се одметнуваат од партијата. Најнискиот резултат на СДСМ е во август месец минатата година 12,9% меѓутоа тоа може се должи и на годишните одмори. Кога би се мерел рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ само кај Македонците или кај вкупниот број на Македонци, тогаш разликата е огромна во корист на ВМРО-ДПМНЕ, 28% од вкупниот број Македонци би гласале за ВМРО-ДПМНЕ а 18% би гласале за СДСМ. Или разлика од 10%. Меѓутоа ако се мерат само луѓето или гласачите кои ќе излезат да гласаат на предвремени парламентарни избори или на претседателски избори, тогаш разликата се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш вкупниот број на гласачи без разлика на етничката припадност кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ значи Македонци, Албанци, Роми, Турци итн, е 34,9% а вкупниот број на гласачи кои ги гласале за СДСМ е 33,7% или разлика од некаде 1,2%. Ако се мери само довербата кај Македонците тогаш за ВМРО-ДПМНЕ би гласале големи 55% а за СДСМ 35% иако се погледнат овие бројки, и ако се види дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е најнизок во ноември минатата година. Кога тие 8 пратеници се одметнуват од ВМРО-ДПМНЕ и гласаат за уставните измени, тогаш сосема е оправдано и логички СДСМ да не сака да има предвремени парламентарни избори, бидејќи ако има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ односно Христијан Мицкоски ќе може да си ја среди ситуацијатa во својата партија и да ја среди пратеничката група. Се додека Мицкоски нема контрола врз пратеничката група, СДСМ може да прави вакви работи да вади 10 или 15 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да прави нови политички структури итн.., рече Ефтов.