Македонија 04. јуни 2019. / 18:05

Еднојазичното признание од Заев за Вардар остана во Влада

Еднојазичното признание од Заев за Вардар остана во Влада

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стеванаџија објави дека екипата на Вардар по денешната средба со премиерот Заев не го подигнала признанието што македонската влада му го доделила на европскиот шампион, објави Експрес.мк.

Тој на својот твитер профил вели дека признанието од Република Северна Македонија останало во Владата, но не дава повеќе детали за настанот.

Покрај половина милион евра за стабилизирање на клубот, премиерот Заев на РК Вардар им доделил признание за освоената втора титула европски шампиони со што скопската екипа се наоѓа меѓу најуспешните екипи на светот.

Признанието за разлика од уверението за стапување на функција на претстедателот Пендаровски е напишано само на македонски, но не и вториот службен јазик-албанскиот.