Кандидатот за градоначалник на Штип со нигериско потекло, Симон Поликарп-Џими, разочаран откако на три дена пред локалните избори некој ги искинал сите плакати со негово име.
– Не можам да кажам зошто и кој се одлучил на еден ваков вандализам. Со никого не сум се скарал, напротив, со сите живеам и ги почитувам. Но, можам да речам дека вака не се гради демократија. Ова го нема ни во Африка, вели Џими за порталот ММС
Тој е кандидат на партијата Интегра, а во Македонија живее речиси 40 години откако во студиска размена дојде од Нигерија.